Фидан: Израел е најголемиот проблем во светот и дестабилизирачка сила


depositphotos_712693334_xl-1.webp
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Министерот за надворешни работи на Турција, Хакан Фидан, изјави дека, според него, Израел е дестабилизирачка сила во меѓународните односи и дека меѓународната заедница треба да реагира со дипломатски мерки и санкции.


Фидан изјави дека ова е држава која, според него, предизвикува нестабилност и конфликти каде и да дејствува.

Тој ја повика меѓународната заедница да преземе дипломатски чекори и да воведе санкции, со оценка дека Израел не е само регионален, туку и глобален проблем.

Во истото обраќање, Фидан истакна дека односите меѓу Турција и Соединетите Американски Држави остануваат стабилни, како и дека постои политичка волја од страна на претседателот Реџеп Таип Ердоган и Доналд Трамп за укинување на санкциите КААТСА, пренесуваат медиумите..

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK