ФБИ разоткри инфлуенсерка: им испраќала делови за оружје на Русите, заработила милиони

ФБИ-разоткри-инфлуенсерка-им-испраќала-делови-за-оружје-на-Русите.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Канадско-руска државјанка во понеделникот пред американскиот суд се изјасни за виновна за перење пари во мултимилионска шема за испраќање делови за беспилотни летала и проектили во Русија.


Инстаграмот на 32-годишната Кристина Пузирева е полн со кадри кои можат да се видат на многу инфлуенсери кои патуваат низ светот. На едната фотографија позира пред бали со сено, на другата држи маж за рака, на трета вежба јога среде прекрасна природа.

Но, она што е невообичаено е контекстот. Зад фотографиите стоела жена која испраќала американска електроника вредна милиони долари во Русија за да може да се користи за време на инвазијата на Украина.

„Кристина Пузирева и другите обвинети наводно купиле и испорачале електроника во вредност од милиони долари од САД во Русија за да ја поддржат инвазијата на Украина. Нивното перење пари е директно поврзано со 298 пратки со ограничена технологија, во вредност од 7 милиони долари, до Руската линија на фронтот“, рече Ерин Киган, специјален агент задолжен за истрагата.

Чиповите се од големо значење за секоја војска, а за време на војната во Украина, Русија потроши огромни количини од залихите на проектили, беспилотни летала и друга муниција. Иако по инвазијата на Украина, САД воведоа санкции кон Русија и го ограничија извозот во таа земја, руското оружје сепак содржеше неодамна произведени американски полупроводници. Случајот со Пузирева покажува како некои од нив стигнале до руската војска.

Пузирева и нејзиниот сопруг Николај Голцев живееле во Монтреал, Канада и имале бизнис со Салимџон Насридинов од Бруклин. Според американското Министерство за правда, двојката летала за Њујорк од Канада, купувала електроника преку лажни компании и потоа ја испраќала во Русија. Многу од испратените делови имале сериски броеви, што го олеснило поврзувањето на деловите и пратките со обвинетите.

Тројката беше уапсена на крајот на октомври 2023 година. Според ФБИ, Пузирева и нејзиниот сопруг заработиле голема сума пари за време на оваа шема. Според судските документи, таа еднаш се пожалила дека мора да отвори 80 различни сметки за да складира 3 милиони долари. Веќе ме болат прстите од лаптопот“, ѝ пишува Голвец на Пузирева во 2023 година.

Неколку недели пред апсењето, на Инстаграм на Пузирева можеа да се видат фотографии од среќната двојка како патува низ светот. На една од низата фотографии Пузирева позира пред црква во Бергамо, Италија.

Во селфи објавено на 22 јуни 2022 година, истиот ден кога седум руски проектили паднаа врз украинскиот град Миколаев, таа позира во трговски центар. Пузирева ја призна вината, но се уште не е осудена. Нејзиниот сопруг и Насридинов се уште чекаат судење.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK