ФБИ отвори кривична истрага за уривањето на мостот во Балтимор

1713186740_most-baltimor.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Американското Федерално биро за истраги (ФБИ) отвори кривична истрага за уривањето на мостот Френсис Скот Ки во Балтимор, кој беше погоден од товарен брод минатиот месец.


Властите ги разгледуваат настаните што доведоа до моментот кога бродот „Дали“ под знаме на Сингапур ја загуби моќта додека го напушта пристаништето во Балтимор и удри во столб на мостот, рекоа официјалните лица, кои побараа да останат анонимни.

ФБИ е присутно на товарниот брод „Дали“ и спроведува правни дејствија одобрени од судот, се вели во соопштението на агенцијата.

Мостот Френсис Скот Ки се урна пред зори на 26 март, додека осум луѓе работеа на поправка на бетон и пополнување на дупки.

Шест членови на градежната екипа паднале во водата и загинале, додека двајца преживеале, соопштија официјални лица. Кривичната истрага е одвоена од истрагата што ја започна Националниот одбор за безбедност на транспортот за да се утврди причината за несреќата и да се проценат другите мерки поврзани со безбедноста.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK