Европскиот парламент отвора канцеларија во Киев на барање на украинските власти

Европскиот-парламент-отвора-канцеларија-во-Киев-на-барање-на-украинските.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Европскиот парламент се согласи да отвори канцеларија во Украина за да ја зголеми поддршката за украинскиот парламент, по барање на највисоките функционери на украинската влада, се вели во документот од бирото на Европскиот парламент, во кој имал увид „Еурактив“.


Одлуката усвоена во понеделникот вечерта има за цел да ги олесни односите со украинскиот парламент, особено да го поврзе со соодветните комисии на Европскиот парламент и да ја олесни административната работа.

Бирото е тело на Европскиот парламент одговорно за административни одлуки за внатрешното функционирање на институцијата.

Европскиот парламент има Канцеларија за врски за секоја земја-членка, која помага во контактот на Парламентот со земјите-членки.

 

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK