Европскиот парламент го повика Меѓународниот кривичен суд да издаде потерница по Лукашенко

lukashenko
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Европскиот парламент денеска го повика Меѓународниот кривичен суд (МКС) да издаде потерница по белорускиот претседател Александар Лукашенко.

„Меѓународниот кривичен суд веќе има налози за апсење на рускиот претседател Путин и руската комесарка за човекови права Марила Лвова-Белова, а сега европратениците го повикуваат МКС да разгледа сличен потег за Лукашенко“, се вели во соопштението на Европскиот парламент.


Европскиот законодавен дом тврди дека владата на Лукашенко сноси одговорност за злосторствата извршени против Украина, особено за, како што се наведува, депортација на украински деца.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK