Еврејските доселеници изградија верско училиште во евакуирана населба на Западниот Брег

zapaden-breg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Еврејски доселеници на окупираниот Западен Брег денеска објавија дека на таа територија изградиле верско училиште во дива населба.

Училиштето е изградено во населбата Хомеш откако Владата на Израел ја укина забраната за населување во некои евакуирани области на северот на Западниот Брег.


Хомеш е една од четирите диви населби кои беа евакуирани во 2005 година како дел од повлекувањето на израелската армија и евакуацијата на еврејските доселеници од другата палестинска територија на Појасот Газа.

Во март оваа година, ултрадесничарската израелска влада го поништи актот од 2005 година за евакуација и забрана за влез на Израелци во тие области.

Организациите кои се противат на населувањето во окупираните територии предупредија дека таквите потези ги поткопуваат надежите за воспоставување поврзана, независна палестинска држава.

САД, најблискиот сојузник на Израел, исто така, изразија загриженост.

Членовите на владата ја пофалија изградбата на училиштето, а министерот за национална безбедност Итамар Бен-Гвир, кој исто така е еврејски доселеник, го нарече „возбудлив историски момент“.

Училиштето во Хомеш е изградено во време на зголемено насилство меѓу Израел и Палестинците на Западниот Брег, главно на северот на таа територија.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK