На почетокот на следната недела, ЕУ ќе воведе нови санкции против Русија, вклучувајќи дополнителни компании и 50 банки, изјави францускиот министер за европски прашања Бенџамин Адад.
– На почетокот на следната недела, ќе воведеме нови санкции против Русија, против дополнителни компании, 50 банки, а Франција предложи поголем дел од казнените мерки. Ќе продолжиме со економски притисок врз Русија – рече Адад.
Тој, исто така, ја осуди одлуката на Москва да им забрани влез на дописникот на „Монд“ Аријан Шемин, поранешниот дописник од Москва, Пол Гого и француските пратеници Саша Улије и Артур Делапорт.
Францускиот министер за надворешни работи Жан-Ноел Баро претходно изјави дека руската забрана е одговор на протерувањето на Ксенија Федорова од Франција во јули. Федорова беше етикетирана како наводна руска пропагандистка, а Баро ја оцени забраната како потврда за нејзината поврзаност со руските власти.