ЕУ претстави важен план за Западен Балкан вреден милијарди eвра, се состои од четири столба

Видео-Ковачевски-на-Самитот-ЕУ-Западен-Балкан-Северна-Македонија-нема.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Иднината на Западен Балкан е во Европската Унија и овие земји треба постепено да се интегрираат за да ги почувствуваат придобивките од членството уште пред и официјално да станат членки, изјави синоќа претседателот на Европскиот совет Шарл Мишел.


„Состанокот на самитот беше можност да се потврди дека иднината на Западен Балкан е во Европската Унија“, изјави Мишел по самитот на 27 членки на ЕУ и шест земји од Западен Балкан.

Тој ја потенцираше важноста од постепена интеграција на тие земји во одредени секторски политики за што поскоро да се почувствуваат придобивките од членството, а не само кога ќе заврши целиот процес и кога тие официјално ќе станат членки. Како помош за постепена интеграција, Европската комисија претстави план за раст на Западен Балкан вреден шест милијарди евра.

Претседателката на Комисијата Урсула фон дер Лајен рече дека планот се состои од четири столба.

Првиот е отворањето на европскиот внатрешен пазар за земјите од регионот во седум области, како што се царинската политика, транспортот и роамингот.

Вториот столб предвидува формирање заеднички регионален пазар, кој би можел да го зголеми бруто домашниот производ на регионот за десет проценти.

Во третиот столб се очекува земјите од регионот да усвојат соодветни реформи кои ќе обезбедат еднакви услови за сите.

Четвртиот столб се инвестициите, објасни Фон дер Лајен.

Во Европската Унија ја нагласуваат важноста земјите од Западен Балкан да се усогласат со заедничката надворешна и безбедносна политика на ЕУ, вклучително и воведувањето санкции против Русија.

Лидерите на 27. земји-членки го почнаа својот дводневен самит на кој главни теми се проширувањето и преиспитувањето на повеќегодишниот буџет.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK