– ЕУ и САД формираа нова заедничка работна група за здравствени прашања, во чии рамки ќе се воспостави соработка во областа на малигните заболувања, глобалните здравствени закани, синџирите на снабдување и инфраструктурата, изјави синоќа еврокомесарката за здравство Стела Киријакидес и американскиот министер за здравство Хавиер Бесера.
Работната група е формирана како дел од проширувањето на договорот за соработка за решавање на вонредни здравствени состојби како што е пандемијата Ковид-19. Договорот е потпишан во јуни минатата година, а веќе се формирани две стручни комисии, чија работа ќе се фокусира на превенција, рано откривање и лекување на малигните заболувања кај децата и младите и малигнитет на белите дробови.
Стручни комисии за другите приоритетни области дополнително ќе се формираат, а меѓу приоритетите се правата и репродуктивното здравје на жените.
ЕУ и САД се обидуваат да воспостават „постојани глобални механизми“ за борба против здравствените закани, вклучувајќи птичји грип, Марбуршка болест, антимикробна отпорност и здравствени нарушувања по пандемијата.