ЕУ ги одобри преговарачките рамки за Украина и Молдавија, преговорите почнуваат на 25 јуни

eu-ukraina.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK







Земјите-членки на Европската унија ги одобрија преговарачките рамки за пристапување на Украина и Молдавија во тој блок, што го отвора патот за почеток на преговорите на 25 јуни во Луксембург, соопшти денеска белгиското претседателство со ЕУ.

„Советот на ЕУ ги усвои општите позиции на ЕУ, вклучително и преговарачките рамки за пристапните преговори со Украина и Молдавија. Ова го отвора патот за почеток на преговорите во вторник, 25 јуни во Луксембург“, се вели во објавата на социјалната мрежа Икс.

На 14 јуни, постојаните претставници на ЕУ постигнаа начелен договор за рамката за пристапните преговори меѓу Украина и Молдавија.

Претходно Европската комисија објави дека Украина и Молдавија ги исполнуваат сите критериуми неопходни за формален почеток на преговорите за членство во ЕУ.

Земјите од ЕУ на 14 декември одлучија да започнат преговори со Украина и Молдавија за пристапување во Европската унија, откако унгарскиот премиер Виктор Орбан ја напушти просторијата на почетокот на гласањето, дозволувајќи одлуката да се донесе едногласно.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK