ЕУ додели дополнителна помош за жртвите на тајфунот Доксури на Филипините

filipini
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Како што информира денеска ЕУ, овие дополнителни средства ќе му помогнат на филипинскиот Црвен крст да обезбеди медицинска заштата, чиста вода, средства за хигиена, храна и сместување на лицата кои останаа без своите домови при налетот на тајфунот.

– Од хуманитарната помош од 100.000 евра директно ќе имаат корист околу 36.300 луѓе во најтешко погодените области. Финансирањето е дел од придонесот на ЕУ за Фондот за одговор при катастрофи на Меѓународната федерација на Црвениот крст и Црвената полумесечина, се додава во соопштението.


Со овие средства, вкупната помош од ЕУ за справување со последиците од тајфунот Доксури на Филипините надмина 600.000 евра.

Тајфунот Доксури, во чие жариште дуваа ветрови со брзина од 185 километри на час, ги погоди Филипините на 26 јули, при што загинаа најмалку 26 лица и беше предизвикана значителна материјална штета, поплави и лизгање на земјиштето. Според филипинските власти, времено се раселени над 57.000 лица, за чие згрижување се отворени 763 прифатни центри.

Ова беше петти тајфун што ги погоди Филипините во 2023 година.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK