Естонија и Летонија заеднички ќе набавуваат германски системи за ПВО

estonija-mapa
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Естонија и Летонија планираат заедничка набавка на германски системи за ПВО со цел да го заштитат воздушниот простор на тие две членки на НАТО, соопштија министерствата за одбрана на двете земји.

Според привремениот договор, испораките на системот заедниза противвоздушна одбрана со среден дострел IRIS-T SLM, произведен од германскиот производител на оружје Diehl Defence, би можеле да започнат во 2025 година. Доколку се спроведе, тоа ќе биде најголемиот договор за одбранбена соработка меѓу балтичките соседи кои граничат со Русија. Вредноста на договорот и деталните информации за бројот на системи што се планира да се набават не се откриени, бидејќи преговорите со добавувачот се уште се во тек, соопштија министерствата за одбрана на Естонија и Летонија.


Естонскиот министер за одбрана Хано Певкур го опиша договорот како „заеднички проект од историски размери“ за одбранбената соработка на двете земји, нагласувајќи дека тоа е „најголем досега“ договор меѓу Талин и Рига.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK