Ерменија и Азербејџан разменија воени заробеници

Ерменија-и-Азербејџан-разменија-воени-заробеници.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Ерменија и Азербејџан денеска разменија воени заробеници, оценувајќи ја како мерка за градење доверба на патот кон нормализација на односите.


Азербејџан ослободи 32 ерменски војници во замена за двајца азербејџански војници, се наведува во заедничкото соопштение.

Двете земји, исто така, соопштија дека работат на мировен договор, но детали не се познати.

На 19 септември, азербејџанската армија со молскавична офанзива ги принуди локалните сили да се предадат во Нагорно-Карабах, област во рамките на Азербејџан која беше населена со етнички Ерменци.

Оттогаш, повеќе од 100.000 жители на тој регион побегнаа во Ерменија, која стравува од нови напади на нејзина територија.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK