Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган изјави дека не се согласува со негативниот пристап на другите светски лидери кон рускиот претседател Владимир Путин, објавија турските телевизии.
Говорејќи пред новинарите во Њујорк по учеството на Генералното собрание на ОН, Ердоган рече дека Русија не е земја што може да се игнорира и повтори дека се надева дека може да се најде решение за обновување на договорот за извоз на украинско жито преку Црното Море, кој Москва го напушти во јули.
„И лидерите и премиерите имаат негативен став кон Путин. Се разбира, ние не го делиме ниту го изразуваме тоа гледиште. Исто така, верувам дека овие пристапи не се точни бидејќи Русија не е обична земја“, рече Ердоган.
„Без разлика дали според нејзината област или нејзината позиција во светот, Русија има јасно место. Во однос на производството на жито, Русија сега е меѓу ретките земји во светот. Сега не можете да игнорирате една таква земја“, рече тој.
Турција од почетокот на војната се обидува да има добри односи и со Москва и со Киев. Воено и помага на Украина и истакнува дека го поддржува нејзиниот територијален интегритет, но во принцип се противи на санкциите против Русија.