Ердоган најави средба со Гутереш, ќе разговараат за договорот за жито

Ердоган-најави-средба-со-Гутереш-ќе-разговараат-за-договорот-за.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Претседателот на Турција, Тајип Ердоган рече дека е во близок контакт со Обединетите нации за повторно активирање на договорот за жито во Црното Море и дека за тоа ќе разговара со генералниот секретар Антонио Гутереш овој месец, објавија турските медиуми.


Ердоган за турските медиуми рече дека последниот предлог на ОН се обидува да одговори на некои руски барања и повтори дека верува оти наскоро може да се најде решение.

Руските барања вклучуваат враќање на нејзината Земјоделска банка во системот за плаќања „СВИФТ“ и осигурување на бродовите вклучени во иницијативата за жито, рече тој, пренесуваат „ТРТ“ и „Хабертурк“.

„На 28 август, генералниот секретар на ОН Гутереш, во писмото што го испрати, предложи посреднички механизам што ќе произлезе од трансакцијата СВИФТ, а не директно СВИФТ како што сакаа Русите“, рече Ердоган.

Тој додаде дека Москва ги поставува овие две барања како задолжителни за да се врати во договорт и дека Путин му рекол дека нема да преземе чекори за тоа додека Европа не ги исполни ветувањата, пишуваат турските медиуми.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK