Ерменија треба да работи со Турција и Азербејџан за да изгради мир наместо да бара оружје и обука од Западот, изјави турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган.
Некои западни сили допрва треба да разберат дека војната во Карабах го промени Кавказот и целиот регион, рече Ердоган.
„Оние кои со години ја поттикнуваа Ерменија и собираа профит од болката, неволјите и конфликтите на сите луѓе кои живеат во овој регион, всушност им нанесоа најголема штета на Ерменците“, рече Ердоган.
Најистакнатите поддржувачи на Ереван на Запад се Париз и Вашингтон, се претпоставува дека Ердоган мислел на Франција и Америка, според написите во медиумите.
„Тие ги злоупотребуваа Ерменците, ги користеа и ги осудија на несигурност поттикнувајќи ги нереалните соништа. Ерменија сега треба да го види и прифати овој факт“, додаде Ердоган, пренесува Раша Тудеј.
„Ниту едно оружје и муниција испратени од западните земји не може да го замени мирот“, додаде Ердоган, повикувајќи ја Ерменија „да ја прифати раката на мирот што ја нудат од Азербејџан“.