ЕП ги одобри плановите за зголемување на производството на муниција

ep
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Европратениците денеска ги одобрија плановите за зголемување на производството на муниција и ракети во ЕУ и побрзо снабдување на Украина со муниција, објави Европскиот парламент.

Актот е усвоен со 505 гласови „за“, 56 „против“ и 21 „воздржан“.


Актот и вклучително финансирање од 500 милиони евра ќе овозможи зголемување на производствениот капацитет на ЕУ со цел да се реши сегашниот недостиг на одбранбени производи, особено артилериска муниција, ракети и нивни компоненти.

Законот за поддршка на муниција (АСАП) е одговор на барањето на Украина до ЕУ за набавка на артилериска муниција од 155 милиметри и на договорот на Советот од 20 март 2023 година за предлог за пристап од три дела за обезбедување муниција. Земјите-членки се поканети итно да пренесат муниција од нивните сопствени резерви во Украина (прв дел).

Земјите од ЕУ се договорија за заедничка набавка на еден милион парчиња муниција (втор дел). Целта на третиот дел од пристапот е да се зголеми производствениот капацитет во европската одбранбена индустрија.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK