Екстремни мерки: Русија ќе го конфискува имотот на критичарите на војната на Путин

Екстремни-мерки-Русија-ќе-го-конфискува-имотот-на-критичарите-на.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Долниот Дом на рускиот парламент даде конечно одобрување на новиот закон кој ќе им овозможи на властите да го конфискуваат имотот на луѓето осудени за намерно ширење лажни вести за војската. Државната дума го одобри законот во трето и последно читање, објави претседателот на Долниот дом Вјачеслав Володин на својот официјален канал на Телеграм.


Мерката ќе важи и за оние кои се прогласени за виновни за „дискредитација“ на вооружените сили, за оние кои бараат санкции против Русија и за оние кои се прогласени за виновни за поттикнување екстремистичка активност.

Новиот закон, кој допрва треба да биде одобрен од горниот дом на парламентот и претседателот Владимир Путин, ќе и овозможи на државата да ги заплени имотите на Русите кои ја напуштија земјата и ја критикуваа војната во Украина и продолжуваат да се потпираат на приходите од изнајмување на нивните домови или станови во Русија.

Тоа е најекстремната мерка за заплашување на критичарите на војната на Путин против Украина досега.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK