Во експлозијата што се случи во Рим, се урна станбена зграда, а пожарникарите успеаја да извлечат три лица од урнатините.
Како што пренесува АНСА, зградата се срушила во населбата Канале Монтерано, а пожарникарите успеале да извлечат двојка и нивниот 18-годишен син надвор од урнатините и да ги одведат во локална болница.
Инспекторите се обидуваат да утврдат што точно ја предизвикало експлозијата, а една претпоставка е дека таа е поврзана со истекување на гас.
Според сведочењето на локалните жители, пред експлозијата се чувствувал мирис на гас во населбата Канале Монтерано.