Најмалку 5.000 домови останаа без струја во рускиот град Тула, јавува руската режимска агенција РИА. Се наведува дека имало „итен прекин на струја“ во градскиот кварт Зареченски, но причината не е прецизирана.
Медиумот SHOT, исто така, ја објави веста – додавајќи дека експлозијата предизвикала прекин на струја околу 22 часот по локално време. Дописникот на Киев Пост, Џејсон Џеј Смарт сподели фотографија од местото на настанот, истакнувајќи и дека се слушнала експлозија.
An explosion 💥 was heard in Tula 🇷🇺 and part of the city has lost power. pic.twitter.com/6GFnmMjmaF
— Jason Jay Smart (@officejjsmart) September 21, 2023
Извештаите за експлозијата се непроверени и засега не е јасно што го предизвикало прекинот на електричната енергија.