ЕКОВАС не исклучува ниту една варијанта за акција во врска со превратот во Нигер, вклучително и употреба на сила

niger_345435345
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

 – Не исклучуваме ниту една варијанта за дејствување во врска со превратот во Нигер, вклучително и употребата на сила како последно средство. Ова денеска го изјави нигерискиот претседател Бола Тинубу, претседател на Економската заедница на западноафриканските држави (ЕКОВАС), на завршувањето на средбата на регионалниот блок посветена на превратот.

Официјалното коминике прочитано по изјавата на Тинубу на крајот на состанокот вклучуваше резолуција со која се бара од шефовите на одбраната на заедницата „да ги активираат резервните сили на ЕКОВАС поради државниот удар на 26 јули“.


Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK