Поплавите во Чешка ја однесоа првата жртва, жената која се удави во реката Красовка кај селото Крашов, во областа Брунтал, додека седум лица се водат како исчезнати.
„Местото беше отсечено од многу силна струја на вода, но полицијата работи на лице место“, изјавила портпаролката на полицијата Соња Штетинска, а пренесува порталот Idnes.cz.
Шефот на полицијата Мартин Вондрашек изјави дека седум лица се водат како исчезнати, три повеќе отколку во неделата.