Едно лице загина во Толедо, а две се водат за исчезнати во Мадрид, откако силно невреме придружено со обилни врнежи ја погоди Шпанија.
Еден човек загина во својот автомобил во Толедо, а две лица се водат за исчезнати откако возилото со кое се превезувале паднало во реката Алберче во градот Алдеа дел Фресно во регионот на Мадрид.
Сообраќајот меѓу Мадрид и Андалузија, како и меѓу главниот град и Толедо е прекинат, објави „Ел Паис“.