Едно лице им подлегна на повредите во Израел откако напаѓач избодел луѓе во трговски центар

fds-1.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK







Едно лице загина, а друго е повредено во напад со нож што се случи рано денеска во израелски трговски центар.

Како што информираа од полицијата, се работи за терористички напад, пренесува Ројтерс. Израелскиот портал Инет го идентификуваше напаѓачот како Јуда Рабија од Нахаф, израелски град во кој живеат многу припадници на арапското малцинство.

Ниту една терористичка група не ја презеде одговорноста за нападот, иако милитантната група Исламски џихад нападот го нарече „херојска операција“.

Претходно денеска беше објавено дека по нападот во медицинскиот центар во Нахарија биле префрлени двајца млади момчиња на возраст од околу 20 години и дека напаѓачот е убиен.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK