Повеќе од 10.000 луѓе се евакуирани од нивните станови, куќи и работни места поради отстранување на бомба од Втората светска војна во Плимут, Англија.
Парковите беа расчистени од полицијата, фериботите престанаа да сообраќаат, возовите беа запрени, училиштата беа затворени и имаше, како што сликовито опишува Гардијан, колективно задржување на здивот додека воен конвој многу бавно ја транспортираше бомбата тешка 500 килограми низ скалестите улици.
Одлуката за преместување на бомбата им била соопштена на сите во областа преку нивните мобилни телефони со помош на владиниот систем за предупредување за итни случаи, што се верува дека е првпат да се користи за вистински итен случај.
Луѓето излегоа од своите куќи и влегоа во нивните автомобили. Работниците на бродоградилиштето се спакуваа и си заминаа.
„Тоа е малку како оние евакуации што ги гледате во филм за катастрофа“, рече Стив Џонс додека ја напушташе продавницата каде што работеше.
Министерството за одбрана соопшти дека тоа е една од најголемите евакуации на цивили во Обединетото Кралство од Втората светска војна.