Единствениот преживеан член од првата експедиција на Монт Еверест: Врвот е полн со луѓе и ѓубре, бројот на алпинисти треба да се намали

ш.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Единствениот преживеан член на планинарската експедиција која прва го освои Монт Еверест, Канча, изјави дека секогаш има премногу луѓе на највисокиот врв во светот и дека има многу ѓубре што го оставаат алпинистите.


Канча во интервју во Катманду рече дека смета дека треба да се намали бројот на планинари и посочи дека тие фрлаат лименки и конзерви за храна кои никој не може да ги подигне, пренесува „АП“.

За тибетските шерпаси Еверест е Комолангма или мајка божица на светот.

„Не треба да ја загадуваат планината. Тоа е нашиот најголем бог и не треба да ги загадуваат боговите“, посочи Канча.

Долго време постои загриженост за бројот на планинари на Монт Еверест, но властите не планираат да го намалат бројот на дозволи што им ги издаваат на планинарите, наведува АП.

Правилата бараат од планинарите да го земат своето ѓубре, опрема и се што ќе понесат на планината или ризикуваат да го загубат својот депозит, но спроведувањето на тие правила не е ефективно.

Како млад, Канча (91) беше меѓу 35-те членови на тимот кои се искачи на Монт Еверест.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK