Еден загинат за време на шампионското славје во Неапол, најмалку 200 повредени

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Шампионската прослава на навивачите на Наполи која траеше цел ноќ на улиците на Неапол беше засенета од смртта на едно лице, како и бројките за најмалку 200 повредени, јавија денеска италијанските медиуми.

За време на прославата животот го загубило 26-годишно момче, кое според медиумите, настрадало во пукање во кое биле ранети други три лица.


Според весникот Кориере дела Сера, сè уште не е јасно дали истрелите биле поврзани со навивачката прослава, или, пак станува збор за криминален акт, додека весникот Ла Стампа известува дека жртвата била поврзана со локален мафијашки клан.

Уште најмалку 200 луѓе се повредени за време на прославата од убодни рани од нож, изгореници од пиротехнички средства или напади на астма предизвикани од вдишување чад од навивачки факели.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK