Еден од клучните луѓе на Украина: Ги искористивме сите сили што ги имаме, на работ сме

budanov-ukraina.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

И додека шефот на воената разузнавачка служба на Киев предупредува дека борбите меѓу руските и украинските трупи во североисточниот регион Харков се движат „кон критична состојба“, украинската војска вели дека ситуацијата на линијата на фронтот е жестока, но под контрола.


„Ситуацијата не е критична“, изјави за „Њузвик“ потполковник Назар Волошин, портпарол на групата украински сили „Хортиција“ кои се борат во источна и североисточна Украина, иако додаде дека битките се „комплицирани и динамично се менуваат“.

Други украински извори се попесимистички. Генералот Кирило Буданов, шеф на киевската воена разузнавачка агенција ГУР, рече дека ситуацијата во Харков од час во час станува се покритична. „Ние сме на работ“, изјави Буданов за „Њујорк тајмс“.

Руските војници во петокот отворија нов фронт во североисточна Украина. Московското Министерство за одбрана соопшти дека нејзините сили презеле контрола врз неколку погранични села во регионот на Харков, вклучително и Бухруватка, населба западно од градот Вовчанск, кој се наоѓа на околу пет километри од границата.

Украинските власти велат дека Вовчанск е под постојано бомбардирање, а војската на Киев вчера соопшти дека нејзините сили се борат со руски војници во северниот дел на градот. Илјадници луѓе ги напуштија пограничните области како Вовчанск од петокот.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK