Џорџ Сантос сака повторно да се кандидира за Конгрес

фг.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Поранешниот конгресмен Џорџ Сантос најави дека повторно ќе се обиде да ја добие кандидатурата на Републиканската партија за Претставничкиот дом, како претставник на Њујорк.


Сантос претходно беше избркан од Конгресот поради федерални обвиненија за измама поврзана со бенефиции на вработените за време на пандемијата Ковид-19, злоупотреба на средства за кампања и лажни наводи за лични финансии во извештаите на Конгресот, пренесува CNN.

„Вечерва сакам да објавам дека се враќам на политичката арена и го предизвикувам Ник ЛаЛота во борбата за претставник на Њујорк. Со нетрпение очекувам да дебатирам со него за неговиот рекорд  кој е многу слаб“, напиша Сантос на својот профил на X Network, мислејќи на актуелниот њујоршки конгресмен Ник ЛаЛота.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK