Џонсон: Балканот може да биде следната цел на Путин

2102foto-EPA-EFE-MIKHAEL-KLIMENTYEV-SPUTNIK-KREMLIN-POOL-e1711364320802-1000x560.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Мајк Џонсон, претседател на Претставничкиот дом на Конгресот на САД, изјави дека следната цел на рускиот претседател Владимир Путин би можел да биде Балканот, пренесува „Анадолија“.


Во средата вечерта во Капитол во Вашингтон, Џонсон разговараше со новинарите за прашањето за гласање за странска помош за Украина, Израел и Тајван, а го спомена и балканскиот регион.

На прашањето од новинарите зошто е подготвен да ја изгуби работата само за да го обезбеди планот за помош, Џонсон одговори дека секогаш се труди да ја направи вистинската работа.

„Мојата филозофија е да ја направам вистинската работа. Ако дејствувам само од страв никогаш не би можел да си ја работам својата работа“, рече Џонсон и додаде:

„Историјата не суди поради она што го правиме. Ова е критично време, критично време на светската сцена. Би можел да донесам себична одлука и да направам нешто поинаку, но еве го правам она што верувам дека е вистинската работа. Мислам дека обезбедувањето правна помош за Украина е од клучно значење во моментов“.

Тој нагласи дека кинескиот претседател Шји Џјинпинг, рускиот претседател Владимир Путин и Иран се „оската на злото“ и дека работат во координација на овој фронт.

„Мислам дека Путин би продолжил да маршира низ Европа доколку му се дозволи тоа. Мислам дека следниот пат би можел да оди на Балканот. Мислам дека би можел да има пресметка со Полска или со некој од нашите сојузници во НАТО“, додаде Џонсон.

Тој рече дека „попрво би испратил куршуми во Украина отколку американски момци“.

„Мојот син ќе започне со Поморската академија оваа есен. Ова е вежба со боева муниција за мене и за многу американски семејства“, рече Џонсон.

Американскиот претседател Џо Бајден во средата, исто така, даде силна поддршка на планот на Џонсон да обезбеди дополнителни средства за Украина и Израел.

Гласањето за пакетот помош најверојатно ќе се одржи во сабота навечер.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK