Соединетите Држави остануваат посветени на одбраната на Израел во секој напад од Иран, изјави портпаролот на Белата куќа за национална безбедност Џон Кирби.
Кирби за израелскиот Канал 12 изјави дека е тешко да се предвидат шансите за ирански напад врз Израел, но дека Белата куќа сериозно ги сфаќа најавите на Техеран.
„Нашите пораки до Иран се конзистентни и ќе останат такви. Првата е да не започне ескалација. Втората е дека САД се подготвени да го бранат Израел доколку тоа се случи“, рече Кирби, пренесе Ројтерс.