Две девојчиња повредени со нож во близина на училиште во Франција, напаѓачот е приведен

31d3a3c6-e422-4d8e-83e5-72befd9dc007.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Две девојчиња на возраст од 6 и 11 години се полесно повредени со нож  во близина на нивното училиште во Софелвејерсхајм, источна Франција, соопштија властите.


Според жандармеријата, 11-годишно девојче било повредено со нож пред училиштето, а друго е избодено на блискиот плоштад. Имаат површни рани и се хоспитализирани.

Напаѓачот бил приведен нешто по 14 часот и 15 минути на плоштадот. Тој веќе немал нож во раката и не пружал отпор.

„Човекот не е познат на службите и се чини дека неговите мотиви не биле поврзани со радикализација“, соопшти жандармеријата.

Децата биле задржани на училиште. Родителите ги чекале пред училиштето каде се распоредени неколку противпожарни возила.

„Навистина се плашам. Ни рекоа дека децата се безбедни внатре, но не знаеме кога ќе можеме да ги земеме“, рече Сара, една од мајките чие дете е на училиште.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK