Израелските одбранбени сили (ИДФ) почнаа копнена офанзива на Појасот Газа со цел целосно да го уништат Хамас.
The Jerusalem Post објави неколку тактики што израелските може да ги користат – 12-те работи што досега се познати за копнената офанзива на Израел во Газа.
1. Инвазијата во моментов е претежно фокусирана на северот на Појасот, иако е можно и се очекува да се прошири и во други области.
2. Постои цензура за движењата на трупите и ова е ефикасен метод против Хамас кој е навикнат да има пристап до отворените извори на Израел за разузнавање во реално време, поради што ги распоредуваа силите каде што очекуваа ИДФ да се појават.
3. Израелските сили користат нови оклопни возила со напредни одбранбени способности и тенкови.
4. Артилеријата користи различни диверзии во стилот на чад за да им отежнат на силите на Хамас прецизно да ги таргетираат силите на Израел кога ќе влезат во нови области.
5. Булдожерите D9 се користат за расчистување на мини и други објекти од заседа пред војниците да влезат во различни области.
6. Воздухопловните сили, особено беспилотните летала, сè уште се користат интензивно во соработка со копнените сили за напад на силите на Хамас, кои се судираат со копнените сили.
7. Поголемото вклучување на артилерија и тенкови овозможува многу поитно уништување на скривалишта во ситуации кога засолниште на Хамас е откриено по престрелка.
8. Израелската армија сè уште не ја постигнала целта. Имено, убиени се само неколку членови на Хамас, што е далеку од бројката од десетици илјади што се верува дека ја има Хамас.
9. Во исто време, загубите на ИФД се исто така мали. Голем број на сили на Хамас нема да бидат ангажирани и ќе можат да се кријат додека уште поголем број сили на Израел не бидат откриени и не влезат во поопасни области.
10. Според Jerusalem Post, ИФД не навлезе во болницата Шифа или други критични области каде што се кријат највисоките функционери на Хамас.
11. ИФД досега спаси само еден заложник, додека Хамас се верува дека држи повеќе од 200. Израелците сè уште немаат постигнато напредок во оперативното ослободување на значителен број заложници. Исто така, Хамас држи многу заложници во чувствителните области за да го одврати Израел да ги нападне тие области, особено водачите на групата.
12. ИФД и израелската влада се многу загрижени поради падот на меѓународниот легитимитет, но не успеаја да смислат подобра стратегија за рационализација на хуманитарната помош, ниту пак дојдоа до план за побрзо постигнување на целите на војната без жртви во нивната војска или меѓу Палестинците, пишува Jerusalem Post.