Две лица загинаа, а 18 се ранети во престрелка меѓу две групи кои ја славеле Ноќта на вештерките на улица во Флорида.
Полицијата уапси еден осомничен, додека по другиот се уште се трага.
Пукањето било пријавено околу 3 часот по полноќ.
Според очевидци, на улицата имало многу луѓе, облечени во костими за Ноќта на вештерките. Пиеле и се смееле, кога наеднаш се слушнал истрел. Биле испукани најмалку десет истрели, а луѓето панично почнале да бегаат.
Многумина барале засолниште зад металните маси кои ги турнале, а по пристигнувањето полицијата затекнала неколку луѓе како лежат ранети и крвави на земја.
„Дошло до тепачка и пресметка меѓу две групи. Во оваа тепачка на двете групи биле вклучени стотици невини луѓе кои случајно се нашле на патот“, соопштија од полицијата.
Засега не е позната состојбата на повредените.