Двајца членови на ИСИЛ уапсени во Германија, планирале напад на Шведска поради запалениот Куран

germanska-policija-1.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Германија уапси двајца осомничени членови на Исламската држава (ИСИЛ) за наводно планирање напад врз шведскиот парламент, соопшти денеска федералното обвинителство.


Двајца авганистански државјани идентификувани како Ибрахим М.Г. и Рамин Н. се уапсени во источниот германски град Гера под сомнение дека планирале напад како одмазда за палењето на Куранот во Шведска, соопшти обвинителството.

Обвинителите наведуваат дека осомничените се приклучиле на Исламската држава – провинцијата Хорасан (ИСКП), огранок на милитантната исламистичка група, во 2023 година и собрале околу 2.000 евра донации за таа организација.

Наводно, дуото на интернет истражувало можен напад и направило неколку обиди да набават оружје, но биле неуспешни. Двајцата денеска или утре ќе бидат изведени пред истражниот судија на германскиот сојузен суд во Карлсруе.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK