Драматични сцени во Романија: Голем пожар избувна во пансион, загинаа дете и четворица возрасни

Драматични-сцени-во-Романија-Голем-пожар-избувна-во-пансион-загинаа.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Голем пожар избувна во гостинска куќа во селото Тохани во Романија. Засега е познато дека загинале пет лица – дете и четворица возрасни, додека на терен се голем број пожарникари.



Пожарникарите се уште трагаат по уште три лица, меѓу кои и две малолетни лица. Сите исчезнати биле на првиот кат од зградата.

Туристите кои престојувале на приземјето успеале да се евакуираат.

Бројот на загинатите во пожарот во пансионот достигна пет лица, откако интервентните екипи од зградата извлекле уште едно возрасно лице.

Раководството на Генералниот инспекторат на романската полиција нареди испраќање тим експерти од Националниот институт за форензика, кои ќе покренат истрага по пожарот во гостинската куќа во Тохани.

„Поради големиот пожар од 26 декември, раководството на Генералниот инспекторат на романската полиција нареди испраќање тим специјалисти од Националниот институт за судска медицина за да започне истрага“, соопшти во вторникот романската полиција.

Во гостинската куќа имало вкупно 26 луѓе.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK