Драма во училиште во Франција, каде што наставник беше избоден до смрт: наредена итна евакуација поради закана за бомба

Драма-во-училиште-во-Франција-каде-што-наставник-беше-избоден.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Гимназијата во францускиот град Арас, каде што во петокот беше избоден до смрт професор, е евакуирана поради закана за бомба, јавуваат француските медиуми.


Полициската екипа и екипите за експлозиви пристигнале на местото на настанот и се врши вештачење на ранците на учениците, јавува БФМ ТВ.

Наставниците и учениците од средното училиште „Гамбета-Карно“ се собраа во дворот на зградата лоцирана спроти нивното училиште, а беа придружувани од персонал од цивилната заштита.

20-годишен маж од руската кавкаска република Ингушетија, на границата со Чеченија, избоде професор и рани уште две лица во напад што францускиот претседател Емануел Макрон го нарече баварски исламски тероризам по што Франција ја зголеми безбедноста на највисоко ниво и распореди 7.000 војници во целата земја.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK