Драма во Словенија: специјалци упаднаа во училиште и уапсија наставничка поради дрога

Драма-во-Словенија-специјалци-упаднаа-во-училиште-и-уапсија-наставничка.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Маскирани полицајци на словенечката специјална полиција за време на настава упаднаа во основно училиште во Логач, место меѓу Љубљана и Постојна Јама, и уапсија наставничка.


Апсењето е извршено во рамки на голема криминална акција против забранети супстанци, односно дрога, јави Радиотелевизија Словенија.

Полицијата соопшти дека апсењето го извршила претпазливо и дека наставничката не била уапсена пред очите на учениците.

Директорката на училиштето рече дека нема никаква врска со апсењето.

Апсењето на наставничката е резултат на големата криминална акција што беше спроведена минатата недела, кога беше разбиена меѓународна организирана криминална група осомничена за нелегално производство и трговија со дрога.

Шестмината осомничени потоа биле изведени пред истражен судија кој по сослушувањето на сите им одредил приведување, соопшти тогаш полициската управа Марибор. Засега не се знае каква улога имала наставничката, седмиот уапсен во акцијата, во групата.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK