Драма во Лондон: Полицијата застрела маж кој се заканувал дека ќе ги повреди станарите

Трагедија-во-Лондон-во-пожар-во-куќа-изгоре-петчлено-семејство.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK







Неидентификуван маж почина откако беше застрелан од полицајци во југоисточен Лондон.

Полицијата извести дека се работи за маж за кој се претпоставува дека е на возраст од околу 30 години, пренесува „Телеграф“.

Убиениот бил вооружен, најверојатно со самострел, и се заканил дека ќе им наштети на жителите на адреса во Саутворк, Лондон.

„Мажот влегол во туѓ имот, по што полицајците реагирале и пукале“, велат од полицијата.

„Полицајците и болничарите веднаш му укажале прва помош, на лице место, но мажот починал“, додаваат оттаму.

Во инцидентот со полесни повреди се здобиле двајцата жители на куќата во Бајвотер Плејс.

„Локалните службеници се обиделе да разговараат со мажот, но по заканите биле повикани вооружени полицајци кои реагирале“, соопшти полицијата.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK