Драматичен настан се случил во јапонскиот град Мијазаки, кога ученици завршиле во болница откако ги удрил гром.
Лекарите укажале помош на 18 средношколци (16 полесни и две тешки повреди).
Според противпожарната служба, учениците од гимназијата Камото и Хошо тренирале кога околу 14 часот и 30 минути по локално време во нивна близина удрил гром.
Метеоролошката агенција најави нестабилно време тој ден, додека градот Мијазаки беше опкружен со облаци од дожд. Издадено беше и предупредување за невреме со грмотевици.
„Во тоа време дождот стивна и немаше грмежи, па затоа донесовме одлука да не го откажеме тренингот“, соопштија од гимназијата Хошо.
Една жена која работи во блискиот ресторан ги опишала драматичните моменти:
„Помеѓу 14:00 и 14:30 часот во близина удри силен гром. Брза помош, пожарникари и полиција набрзо пристигнале на местото на настанот“.
Вработен во локална теретана рекол дека „прво се слушнало како експлозија“, а подоцна ја дознал страшната вест.