Полска ќе одвои дополнителни 100 милиони злоти (околу 23,41 милиони евра) за зајакнување на внатрешната безбедност на разузнавачката служба поради руската закана, изјави премиерот на земјата Доналд Туск.
Варшава тврди дека е цел на руските разузнавачки служби поради улогата на Полска како дистрибутивен центар за снабдување со оружје за Украина.
Ројтерс пренесува дека ваквиот однос на официјалните лица во Варшава е зголемен откако минатата недела судијата кој имал увид во воените тајни пребегнал во Белорусија.