Доналд Трамп и Ники Хејли се изедначија во Њу Хемпшир

Доналд-Трамп-и-Ники-Хејли-се-изедначија-во-Њу-Хемпшир.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Поранешниот американски претседател Доналд Трамп и поранешната гувернерка на Јужна Каролина Ники Хејли се изедначени во Њу Хемпшир на помалку од една недела пред внатрепартиските избори за претседателска номинација на Републиканската партија, според истражувањето на Американската истражувачка група, додека според истражувањето на Сафолк Универзитетот и телевизијата Ен-Би-Си, Трамп води.


Трамп и Хејли имаат поддршка од по 40 отсто од републиканците, додека гувернерот на Флорида Рон Де Сантис е на трето место со поддршка од четири отсто од гласачите, пишува порталот Хил.

Од друга страна, истражувањето на Универзитетот Сафолк и Ен-Би-Си покажува дека Трамп ја консолидирал својата предност во Њу Хемпшир.

Според резултатите од тоа истражување, поранешниот претседател го поддржуваат 50 отсто од републиканците, Хејли 34 отсто, а ДеСантис пет отсто од гласачите.

Сите претходни истражувања покажаа дека Трамп има огромна поддршка од републиканците во Њу Хемпшир.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK