Домбровскис: ЕУ ќе биде со Украина и по победата над Русија

dombrovskis
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Европска Унија ќе продолжи да ја поддржува Украина до нејзината победа над Русија и ќе учествува во обновата и закрепнувањето на земјата, чие место е под покровителство на европскиот блок, изјави денеска потпретседателот на Европска комисија, Валдис Домбровскис пред Европскиот парламент.

На пленарната седница на ЕП во Стразбур, еврокомесарот разговараше за Украина, за хуманитарните и еколошките последици од уништувањето на браната Нова Каховка и за одржливата реконструкција и интеграција на Украина во евроатлантската заедница.


Тој нагласи дека ЕУ ја поддржува украинската мировна формула за сеопфатен, праведен и траен мир кој ги почитува независноста, суверенитетот и територијалниот интегритет на Украина во нејзините меѓународно признаени граници.

– ЕУ ќе остане со Украина онолку долго колку што е потребно. Ова исто така повлекува значителна финансиска, трговска и хуманитарна помош. Главната политичка поддршка доаѓа од фактот што Украина доби статус на земја кандидат за членство во Унијата, наведе Домбровскис, додавајќи дека веќе наесен сака да види преземени чекори во таа насока.

За членството во НАТО, тој посочи дека ЕК не може да го коментира тоа бидејќи ЕУ нема влијание на тоа прашање.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK