Директорката на „УНИЦЕФ“ повредена во сообраќајна несреќа: патувала за Појасот Газа, посетата е одложена

Директорката-на-„УНИЦЕФ-повредена-во-сообраќајна-несреќа-патувала-за-Појасот.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Извршната директорка на Детскиот фонд на Обединетите нации (УНИЦЕФ), Кетрин Расел, е повредена во сообраќајна несреќа во Египет додека патувала за Појасот Газа, поради што морала да ја одложи посетата на Израел, соопшти денеска УНИЦЕФ.


Наведено е дека автомобилот се превртел на пат кон граничниот премин Рафа, кон Газа, но дека Кетрин Расел не е тешко повредена, пренесува Ројтерс.

Кетрин Расел имаше намера да го посети Израел, каде што се надеваше дека ќе може да разговара со членовите на семејството чии деца беа киднапирани во напад на палестинската организација Хамас.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK