Девојка спсена по два дена: океанските струи ја оддалечиле 80 километри од плажата

Маж-поминал-24-часа-во-oкеан-се-соочил-и-со.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Девојка која била однесена од океанските струи додека пливала на плажа во Јапонија е спасена на околу 80 километри од брегот 36 часа откако исчезнала, соопштија официјални лица.


21-годишната жена која отишла на пливање со гумен прстен на надувување, влегла во морето кај плажата Ширахама Охама во понеделникот околу 19 часот и 30 минути со пријателка, соопшти утрово крајбрежната стража.

Властите почнаа операција за пребарување и спасување откако нејзината пријателка алармирала.

„Беше околу 19:55 часот на 8 јули кога добивме информација за исчезнувањето, кое го пријави пријателка на исчезнатата жена во блиската продавница“, изјави локален претставник на јапонската крајбрежна стража.

Жената, која не е именувана, им рекла на спасувачите дека морето ја однело и не можела да се врати на плажата. Таа конечно беше забележана од товарен брод кој плови покрај јужниот дел на полуостровот Босо во Чиба во 7:48 часот наутро во средата, изјави официјалниот претставник.

Двајца членови на екипажот на помал близок танкер биле контактирани преку радио и скокнале во морето за да ја спасат.

„Помеѓу плажата и местото каде што беше спасена има 80 километри, но се претпоставува дека таа залутала на уште поголема далечина“, рече службеникот.

По спасувањето жената била пренесена во болница, а нејзината дехидрација не била опасна по живот.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK