Денешниот состанок на НАТО во сенка на скандалозната изјава на Трамп

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Членките на НАТО алијансата се состануваат денеска и утре во Брисел за да разговараат за поддршката на украинските воени напори и нивната обврска да издвојат два отсто од својот бруто домашен производ за одбрана.



Денешниот состанок не е официјален настан на самиот НАТО, туку собир на сојузниците кои ја поддржуваат Украина, организиран од Соединетите Американски Држави. Вистинската средба на министрите на земјите членки на Алијансата ќе биде утре.

Разговорите во седиштето на Алијансата во Брисел беа засенети од поранешниот американски претседател Доналд Трамп, кој на своите приврзаници на предизборниот митинг во саботата им рече дека ќе ја „охрабри“ Русија „да прави што сака“ на земјите-членки на НАТО кои не трошат доволно на одбраната.

Од 2006 година, земјите-членки се согласија да одвојат два отсто од својот БДП за одбраната, но само неколку го постигнаа тоа. Откако Русија ја прошири својата инвазија од Крим и Донбас на остатокот од украинската територија во февруари 2022 година, земјите-членки на НАТО, најмногу Германија, ја потврдија својата посветеност за постигнување на целта од 2006 година.

Германскиот Бундестаг усвои државен буџет со кој во 2024 година ќе се издвојат два отсто од БДП за одбраната. Целта на утрешните дебати е да се обидат да поттикнат повеќе сојузнички земји да ги исполнат своите обврски.

Тие ќе разговараат и за приемот на Шведска во Алијансата, кој заглави откако унгарскиот парламент не ја ратификуваше одлуката за тоа, и покрај ветувањето на владата на премиерот Виктор Орбан дека Унгарија нема да биде последната земја-членка што ќе го ратификува членството на Шведска.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK