Ден на жалост во Финска, малолетник се изјасни за виновен за пукањето: едно дете убиено, две во тешка состојба

08-finska.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK







Денеска во Финска е Ден на жалост за жртвата на пукањето во основно училиште во градот Ванта кај Хелсинки, а полицијата соопшти дека осомниченото момче (12) се изјаснило за виновно за нападот.

Соопштено е дека се познати и мотивите на осомничениот кој признал при сослушувањето, пренесува финскиот јавен сервис.

Момче (12) од здобиените повреди починало на лице место, а две повредени девојки се во тешка состојба во болница.

Напаѓачот е фатен во предградието на Хелсинки, Силтамаки, а пукањето се случило во училиштето Вијертола, во кое учат околу 800 ученици од прво до деветто одделение и каде работат околу 90 вработени. Наставата во ова училиште продолжи и денеска.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK