Гувернерот на Флорида Рон де Сантис денеска прогласи вонредна состојба во пет јужни окрузи на американската сојузна држава, откако обилните дождови ја поплавија областа во која живеат повеќе од осум милиони луѓе.
Некои области, вклучително и делови од окрузите Бровард и Мајами-Даде, се изложени на ризик од поплави опасни по живот, соопшти Националната метеоролошка служба, пренесе Ројтерс.
„Неколку места објавија меѓу 18 и 20 инчи дожд од понеделникот“, рече Боб Оравек, синоптичар во Центарот за предвидување на времето во Колеџ Парк, Мериленд.