Во Грција денес е прогласено црвено предупредување за опасност од пожари во Атика и бројни други региони, додека надлежните служби го подигнаа нивото на подготвеност на највисоко ниво.
„Во Атика и други региони на Грција денес е прогласено црвено предупредување за ризик од пожари“, објави Генералниот секретаријат за цивилна заштита на Министерството за климатска криза и цивилна заштита.
Како што беше објавено, државниот апарат е ставен во состојба на зголемена оперативна подготвеност поради опасност од пожар, објавува вестите на ЕРТ.
Црвена тревога за пожари е прогласена за регионот Атика, вклучувајќи ги Китера, како и регионалните единици Коринт, Арголис, Аркадија и Лаконија.
Истото предупредување беше објавено и за регионот Крит и за регионалните единици Беотија, Фтиотида и Евија.
Во северниот дел на Егејот, црвеното предупредување важи за регионалните единици Лезбос, Хиос, Самос и Икарија, како и за Кикладите во јужниот дел на Егејот.
Активирањето на црвената тревога за пожари значи дека националниот механизам за цивилна заштита е ставен во целосна мобилизација, со распоредување на потребниот персонал, опрема и ресурси за справување со потенцијални пожари.
фото/Depositphotos