Човекот на Трамп: Русија би можела да добие некои украински региони, но не сите пет


dfa1ade6-2c91-412c-a7c6-6599fea11460.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Специјалниот претставник на американскиот претседател Стив Виткоф изјави дека неговиот неодамнешен разговор за Украина со рускиот претседател Владимир Путин во Санкт Петербург се фокусирал на прашањето за територијата, како и дека Русија ќе може да задржи „некои нови региони, но не сите“ во рамките на спогодбата.


Во интервју за „Волстрит џурнал“ (WSJ), Виткоф рече дека Киев можеби не е толку заинтересиран за региони каде што населението првенствено зборува руски јазик.

Специјалниот пратеник на американскиот претседател истакна дека „територијалното прашање“ може делумно да се реши.

Путин се сретна со Виткоф на 11 април во зградата на Претседателската библиотека во Санкт Петербург, а разговорите траеја околу четири и пол часа, пренесува Танјуг.

Виткоф претходно изјави дека како дел од преговорите за постигнување мир во Украина, се зборувало за забрана на Украина да се приклучи кон НАТО.

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, во вторникот го обвини Виткоф за злоупотреба на својата позиција поради разговорите за признавање на нови руски региони, а во четвртокот рече дека Виткоф ја усвоил „стратегијата на руската страна“, пренесува Танјуг.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK